Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство

 Државна видеолотарија донира 11.107.000 денари за јавното здравство со цел да придонесе во напорите за справување со ковид-19.

Десет милиони денари од оваа сума се наменети за Министерството за здравство. Дополнително, 615.000 денари во медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492.000 денари ќе добие и Јавната здравствена установа - Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје.

Државна видеолотарија одлучи да биде дел од заедничката координирана акција која се презема за итно справување со здравствените предизвици, предизвикани од вирусот kовид-19.

Со донација од 10 илјади евра ќе помогнеме итно да се набави медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања. Тие во ситуација на глобална пандемија од ковид-19 се изложени на силен ризик. Затоа и одлучивме да реагираме брзо, со цел итно да се изврши набавка на дополнителна заштитна опрема за нив и за нивните родители, но и за медицинскиот персонал кој се грижи за овие дечиња.

Средствата од донацијата за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје ќе бидат употребени за набавка на пет пулсоксиметри-медицински уреди за новороденчиња.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе