Државата ќе го исплати долгот за струја на Клинички центар, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека дискусијата за прогресивното одданочување треба да продолжи низ инклузивен процес, а во тој процес во иднина со ново софтверско решение да се земат во предвид вкупните примања во семејството.

„Таа дискусија треба да продолжи, низ инклузивен процес во којшто ќе бидат вклучени не само стопанските комори, и оние коишто се засегнати, коишто го плаќаат персоналниот данок за вработените. Исто така, и УЈП преку воведување на нови системи, софтверски решенија, каде што нема да бидат гледани граѓаните на поединечна основа, туку на семејна основа. Исто така, ќе треба да биде направена и ревизија на даночните ослободувања,“ изјави денеска Ковачевски за ТВ Сител.

Тој најавува дека државата ќе го исплати долгот за струја на Клинички центар.

„Државата мора да ги помогне финансиски. Клинички не смее да остане без струја,“ рече Ковачевски.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе