Дронови секаде околу нас! Еве што сè може да прават...

Покрај Амазон, ги тестира и Си-ен-ен и многу помали или поголеми компании, ги користат поединци, но и здруженија, а законодавството сè уште не знае како да ги класифицира. Еве неколку кул начини за нивна примена...

Дронови има секаде околу нас, па и онаму каде што најмалку ги очекуваме. Се користат за воени маневри и операции, надзор, испорака на пратки, а секој ден се откриваат и нови начини за нивна примена.

Денес овој пазар вреди над 130 милиони долари или околу 425.000 продадени примероци годишно. До 2018 се предвидува неговата вредност да надмине една милијарда долари и слободно може да се каже дека имплементацијата на дронови, земајќи ја предвид постојната технологија, би била и побрза, но законите на државите се потполно затекнати и никој не знае како ќе реагираат на напливот на оваа војска на дронови.

Па, доколку сакате да ја искористите моментната неподготвеност на регулаторните тела за уредување на условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор, еве ви неколку интересни примери што се можете да правите со дрон:

Испорака

Сакаме на близок другар да пратиме ДВД или букет цвеќе за другарката, денес тоа може да го реализираме со дрон. Секако, ако сакаме да пренесеме потешка пратка, ќе треба да инвестираме во некој поскап дрон. Амазон веќе една година активно работи и тестира испораки со помош на дронови. Овој иновативен начин на достава ги изненади корисниците што со нетрпение ја очекуваа својата пратка, знаејќи дека официјалната продажба на самсунг С8 (Samsung S8) почнува дури на 28 април.

Погледнете како изгледаше доставувањето на новиот Samsung S8 со дрон:

https://www.youtube.com/watch?v=k59UmGQp-pk&feature=youtu.be

Гејм оф дронс (Game of Drones)

По борбата на петли и борбата на роботи (да, да и тоа е реалност!?!), време е да се информирате дека постои и борба со дронови. Правилата се многу едноставни, првиот дрон што ќе ја допре земјата - губи. Овој феномен започна во САД, прво како нелегално дружење во гаражите на вљубениците во дронови (а каде на друго место?!?), се додека не оформија здруженија и сојузи кои прераснаа во државна лига на дронови.

Герила маркетинг

Ако на десет дронови ставиме неколку метри долга трака со логото и пораката на нашата компанија и продефилираме до плоштад Македонија или на најпосетената плажа во Охрид во висока сезона, колку поединци ќе ја видат оваа порака? Колку би платил клиентот за ваква изложеност на неговото лого, слоган, неговата порака? Каква би била цената во сооднос со класичните маркетинг алатки? Денес, ако ја исклучиме цената на дронот, ова можеме да го направиме комплетно бесплатно. И легално, што е најважно!   

Јас сум дрон Пипинг Тон (Peeping Tom)

И порно индустријата се потруди да направи мала илустрација за тоа како тие гледаат на употребата на дроновите. Можеби после ова нема да се чувствувате така сигурни ниту кога ќе се сончате топлес на некоја дива и зафрлена плажа.

Дронови како лични тренери

Или како што повеќето ги нарекуваат „селфи дронови“. Дроновите што нè следат додека вежбаме и нè снимаат, а воедно ги бележат податоците за нашиот напредок од паметните телефони, алки, часовници, па така по тренингот заедно со резултатите и состојбата на нашето тело, имаме и супер фотографии.

Рекламни дронови

Повеќе никаде нема да бидеме безбедни од реклами, бидејќи мултимедија дроновите ќе нè следат во чекор, па ако сме целна група на огласувачите, пред нас ќе проектираат видеопораки или фотографии со продукти и разни понуди на услуги и сервиси.  

Сите овие активности се горе-долу легални, се додека не прекршуваат некои други закони како правото на приватност на пример, иако научниците и поединците едуцирани во релевантната област секојдневно посветено работат на нови легислативи. А додека тоа да се случи, Телеком и Самсунг (Samsung) веќе смислија иновативен начин како да го достават најновиот самсунг С8 до корисниците што го купија онлајн нивниот нов уред, кој стигна со дрон токму онаму каде што тие се наоѓаа во моментот на доставата.

                                                                                    Комерцијален текст

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе