Продолжуваат контролите во кафеаните и кафулињата

ДПИ ќе поднесе 12 кривични пријави против сопственици на угостителски објекти

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи - дозволено растојание, распоред, број на маси и слично.

При тоа, во дел од угостителските објекти се утврдени неправилности во делот на непочитување на здравствените протоколи, непочитување на работното време и прекршување на Законот за заштита од пушењето, поради што Инспекторат ќе поднесе 12 кривични пријави за угостителски објекти во Скопје, Охрид, Битола и Кичево. Инспекторатот поднесе и две прекршочни пријави заради нерегистрирани локали и тоа во Скопје и во Тетово, а се покренува и една прекршочна постапка за ради непочитување на работното време во еден локал во Кичево. Еден сопственик на угостителски објект во Скопје ќе биде казнет затоа што се пушеле цигари во објектот, додека пак еден угостителски објект во Битола ќе биде затворен со пломбирање, бидејќи бил отворен иако имал решение за привремена забрана за вршење на дејноста.

Инспекторатот, во текот на вчерашниот ден, а поради почетокот на викендот без ДДВ и заштита на потрошувачите, изврши вкупно 28 надзори и 123 контроли во трговски објекти во повеќе градови согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите и Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија. При тоа изречени се мерки по Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија во три објекти во Струга, четири мерки според Законот за трговија во објекти во Скопје и две мерки по Законот за заштита на потрошувачите во Тетово, за што ќе се поведе прекршочна постапка како и постапки за прекршок по Законот за трговија во шест објекти во Скопје. Контролите ќе продолжат со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе