Дополнителни опции за корисниците на новата Mагента 1

Повеќе мобилен интернет, интернет во роаминг, СМС пакет или опција Видео без надомест. Избор секој месец преку апликацијата ТелекомМКД.

Новата Магента 1, која нуди флексибилност во изборот и комбинирањето на услугите, отсега  е збогатена со  промотивни дополнителни опции, кои корисниците можат да ги активираат по нивен избор и без надомест. 

Во зависност од тарифниот модел на мобилните линии, може да се избере повеќе мобилен интернет, интернет во роаминг, СМС пакет или опција Видео. Изборот на опциите се прави единствено преку мобилната апликација  Tелеком MK со која лесно и онлајн може да се управува со сите услуги.

Корисниците може да изберат една од опциите на секои 30 дена, а по истекот можат да ја активираат истата или друга опција по избор.

Mагента 1 нуди повеќе и овозможува побогато дигитално искуство, флексибилност и уникатност во изборот на расположливите опции, презентирани на интерактивната веб страница на Македонски телеком, соопшти компанијата. 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе