Дополнителна промоција на станбениот кредит „3+2“ и на кеш кредитот на Охридска банка

Охридска банка Сосиете женерал воведува дополнителни промотивни услови на станбениот кредит „3+2" и кеш кредитот „Лесен кеш кредит" со кои им овозможува на своите клиенти дополнителни олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и да олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот.

Промотивно, до 31 декември, станбениот кредит „3+2“ е достапен за сите клиенти без нотарски трошоци, без административен трошок и без трошок за апликација, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.

Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од трошоците за апликација и административните трошоци. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата на кредитот, а во промотивниот период за апликациите поднесени до 31 декември, каматната стапка започнува од 5,5%. За предвремена отплата на кредитот нема провизија. На пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 8 години со моделот (2+6), во првите две години каматната стапка изнесува 5,5%, а следствено на тоа ратата изнесува 8.053 денари, а од третата до осмата година, ратата од кредитот изнесува 8.688 денари, за кредити со вклучено кредитно животно осигурување.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе