ЗА 70-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Донација од Жито лукс, медицински апарати за две институции

Спирометри и инхалатори за Детската клиника и апарат за рано откривање на туберкулоза за Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, е најновата донација од Жито лукс. Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, крајот на мината година го одбележа 70-годишниот јубилеј, а средствата ги пренасочи во оваа вредна донација.

„Идејата за одбележување на јубилејот со донација беше едногласно прифатена и поздравена од целиот колектив. Одлучувачки фактор за намена на средствата беше актуелниот период во кој се соочуваме со зголемена појава на респираторни инфекции, а особено фактот дека децата најмногу страдаат од истите. Затоа решивме да придонесеме за обезбедување на медицинската опрема што недостига на детските оддели на двете институции во Скопје, а нејзината примена е токму за превенирање и лечење на на тие инфекции“, изјави Лидија Трајковска Ристевска, маркетинг менаџер во Жито лукс.

За Клиниката за детски болести, Жито лукс донира инхалатори и спирометри, дијагностички апарати за рана детекција на респираторните заболувања кај децата како и можност од алергиски компликации.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, дневно се прегледуваат и по триста деца, а многу од нив дури и неколку месечни бебиња се хоспитализираат со бронхитис и други акутни респираторни инфекции. Донираниот апарат ќе помогне во рана детекција на патогени и туберкулозни бактерии.

Водени од компаниската филозофија и општествено одговорна компонента во својата стратегија, Жито лукс во континуитет спроведуваат донаторски кампањи со што се истакнува како компанија со активен и ангажиран однос во заедницата.

                                                                                    Комерцијален текст

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе