Донација од Македонската банкарска асоцијација за ученици и студенти

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членкиte, банките и штедилниците, и вложуваaт ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата.

Македонската банкарска асоцијација одлучи да донира 10 лаптопи на студенти и ученици кои немаат можност самостојно да набават уреди за следење онлајн настава со цел да им овозможи навреме да следат настава, и да полагаат испити.

На овој начин МБА го дава својот придонес за одбележување на Деновите на финансиска писменост, која е од клучно значење за одговорно финансиско работење на секој граѓанин.

Со донацијата од МБА, стекнувањето знаење станува достапно и за оние кои не биле во можност да си обезбедат компјутер, а до пред пандемијата успешно ги исполнувале сите обврски во образованието.

Македонската банкарска асоцијација, во името на своите членки, им посакува на сите лица на кои им се донирани лаптопи успешно да се справат со сите предизвици на патот кон стекнувањето знаење, вклучувајќи го и актуелниот предизвик наметнат од пандемијата.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе