Донација на Видеолотарија смарт табли за ОУ Лириа

Со донација од 10 илјади евра, Видеолотарија касинос Австрија овозможува набавка на смарт табли во основното училиште Лириа во скопската Општина Чаир, за реализација на наставниот процес, согласно новата образовна програма.

Согласно новата образовна политика, учениците во прво и четврто одделение од оваа година, наставната содржина дополнително ќе ја совладуваат и преку дигитална форма на образование. Со набавката на смарт табли, Видеолотарија помага основците од ова училиште да добијат комплетна можност за реализирање на современа настава, користење на дигитални учебници, еду-платформи, мрежно поврзување со други училишта, вклучување во разновидни проекти, онлајн работилници и слично.

Преку смарт таблите учениците ќе ја развиваат својата иновативност, способноста за решавање на задачи, индивидуалниот, но и колективен пристап за учење, распознавање и одзив кон дадените лекции.

Директорката на училиштето, Теута Идриз, при потпишувањето на договорот за донација, изјави дека е пресреќна затоа што ќе може да се обезбедат потребни услови кои ќе им го олеснат совладувањето на предвидениот наставен материјал на учениците. Таа смета дека со набавката на смарт таблите, наставната програма за учениците ќе биде поинтересна за следење и изучување, поради што е многу благодарна затоа што Видеолотарија веднаш ја препозна и со експресната реакција за донација, овозможи реализација на оваа идеја.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе