Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем во справувањето со епидемијата предизвикана од вирусот ковид-19.

Компанијата веќе набави еден видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи, апарати кои од Министерството за здравство беа посочени како неопходни во моментов. Целата набавена опрема деновиве ќе биде испорачана на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 

„Во време кога на глобално ниво е навистина тешко да се најде соодветна медицинска опрема, ние како компанија направивме напори да ги обезбедиме овие апарати во најкус можен рок. Борбата со вирусот не е обврска само на здравствените работници туку на сите чинители во општеството. Токму затоа, ОКТА како општествено одговорна компанија помогна директно на здравствениот сектор кој вложува огромни напори за справување со вирусот и за спасување на лицата заразени со ковид-19“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе