Донација на Јана, АВТ и Тинекс за малите пациенти на нефрологија

Со хуманитарната акција „Капка радост за малите херои!" - Јана и АВТ интернатионал Доо донираа средства за целосно реновирање на одделот за нефрологија на детската клиника во Скопје.

Одделот за нефрологија на детската клиника во Скопје е целосно реновиран, се подобрија условите за работа и се обезбеди најдобра можна грижа за над 300 мали пациенти кои поминуваат годишно низ ова одделение. Со донацијата од Јана и Авт Интернатионал Доо целосно се реновираа сите соби во детскиот оддел за нефрологија, при што сите соби добија посебен тоалет.

„Одделот сега е многу подобар и поприлагоден на нашите мали пациенти за кои се обидуваме да обезбедиме што е можно поудобен престој во болницата, но и за нас вработените кои работат овде. Врвни експерти работат во оваа клиника и оддел и мило ми е што сега ќе работат во подобри услови за да им дадат на децата уште подобра грижа", рече проф. д-р Аспазија Софијанова, директорка на Универзитетската клиника за детски болести, комплексот Мајка Тереза, Одделот за педијатриска нефрологија.

Хуманитарната акција "Капка радост за малите херои !" по предлог на Јамница, фабрика за производство на природна минерална вода Јана и АВТ интернатионал Доо-Скопје беше спроведена во период 1 август до 31 октомври 2021 година во сите маркети на „Тинекс" и „Космо", во кои за секој купен освежителен пијалок од асортиманот на Јана се издвојуваа по 2 денари за детската клиника во Скопје. Како бренд Јана секогаш се обидува да им помогне на најранливите категории и оние на кои им е најпотребно. Во соработка со Aвт интернатионал  тие ги повикаа граѓаните да им се придружат во акцијата и заедно успеаја целосно да го реновираат детскиот оддел за нефрологија и да создадат прекрасна приказна.

Би сакала уште еднаш да им се заблагодарам на Јана и Aвт интернатионал за нивната иницијатива и помош, бидејќи после нивната акција, се јавија и некои други компании кои сакаат да донираат и помогнат, со цел престојот на децата во болница да биде поудобен, а сите знаеме дека кога луѓето помагаат и децата се посреќни", заклучи проф. д-р Софијанова.

Со помош на Јана и Авт интернатионал Доо, малите пациенти сега ќе имаат многу поудобен и за нив прилагоден престој во клиниката, а во Новата година ќе влезат во нов простор достоен за насмевката на секое дете.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе