Донација на Гулф од 9 тони мазут за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“

Компанијата Гулф донираше 9 тони екстра лесно гориво за потребите на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје. Студентите во домот од 4 јануари се без греење.

„Состојбата наложи потреба на која сме горди што можевме да излеземе во пресрет со оваа донација. Студентите се иднината на нашето општество, грижата за нив е дел од нашата корпоративна политика и компанијата Гулф ќе продолжи понатаму со вакви активности“, изјавија од компанијата.

Единствениот студентски дом во Скопје што се грее на екстра лесно гориво веќе десетина дена фуннкционираше без топла вода и без греење.

Проблемот бил во испораката на нафта од Дирекцијата за нафта и нафтени деривати кои информираа дека студентскиот дом нема да добие нафта до 31 јануари.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе