„Состојбата наложи потреба на која сме горди што можевме да излеземе во пресрет со оваа донација. Студентите се иднината на нашето општество, грижата за нив е дел од нашата корпоративна политика и компанијата Гулф ќе продолжи понатаму со вакви активности“, изјавија од компанијата.
Единствениот студентски дом во Скопје што се грее на екстра лесно гориво веќе десетина дена фуннкционираше без топла вода и без греење.
Проблемот бил во испораката на нафта од Дирекцијата за нафта и нафтени деривати кои информираа дека студентскиот дом нема да добие нафта до 31 јануари.