Донации на Стопанска банка Битола

Стопанска банка а.д. Битола во пресрет на Новогодишните празници изврши низа донации во различни институции во градот Битола. Оваа година донацијата се доделува во здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел'' во Битола во примарната здравствена заштита и тоа во одделот каде се вршат прегледи на бебиња и деца од најрана возраст. Оваа донација на банката ќе помогне престојот на децата во оваа установа да биде попријатен. Донацијата се состои од медицинска опрема – детски креветчиња, транспортни колички и ваги.

Банката како и секоја година особено внимание посвети на најмалите и донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции. Пакетчиња беа донирани во здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло – Експлорер“ во Битола, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола во паралелките за деца со пречки во интелектуалниот развој, Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа во Битола, здружението за развој на ромската заедница Сумнал и Општинската организација на Црвен Крст во Битола.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе