Домашните миленици бесплатно ќе се чипираат до крајот на годинава, а чипот ќе чини 200 денари

Рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици кој што требаше да истече на крајот на овој месец се продолжува до 31 декември годинава, информираше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

На прес-конференција во Владата, Атанасов кажа дека за таа цел набавени се 100 илјади микрочипови и со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади.

„Би сакал да нагласам дека од 1 април вградувањето на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошот, што следи со домашниот миленик 120 денари, додека самиот микрочип ќе биде донација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, од април инспекциските служби ќе изрекуваат и соодветни мерки, доколку затекнат неидентификуван домашен миленик. Само да нагласам дека казните за индивидуално лице се движат од 100 до 150 евра во денарска противвредност, а за правните лица казните се 1.000 евра во денарска противвредност“, изјави Атанасов.

Бесплатното чипирање на домашните миленици, како што додаде Атанасов, е предвидено во тригодишната стратегија на Агенцијата за храна и ветеринарство, во којашто значаен сегмент е одговорното чување на домашните миленици и справување со проблемот со бездомните кучиња. 

 

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе