Договорена откупната цена на зелката од минимум 15 денари за килограм

Откупната цена на зелката до 20 април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски со откупувачите на зелка.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство.

„Државниот инспекторат за земјоделство, во овој период ќе врши засилени контроли, со цел да нема манипулиции со договорената минимална цена. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците на сите земјоделски производи, со цел да има непречен извоз“, се наведува во соопштението.

Министерството потенцира дека како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор и доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки, а со цел да се заштити земјоделството. 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе