„До една милијарда и понатаму“ - македонско-бугарски бизнис форум

Под покровителство на министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денеска ќе се одржи Бизнис форум во Скопје.

Форумот, како што соопшти МНР, се реализира под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.

На форумот активно ќе учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.

Покрај официјалниот дел од програмата, предвидени се и бројни меѓусебни средби на претставниците на бизнисите од Македонија и Бугарија, како и потпишување повеќе меѓусебни бизнис договори. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе