За оние кои немаат опрема за скијање, за само 900 денари дневно ќе може да уживаат на падините на Маврово. Во оваа цена е опфатена дневната ски карта и изнајмувањето на скијачката опрема од ски-школата на Ресорт Маврово.
Ресорт Маврово одлучи понудата да важи до крајот на скијачката сезона за секој да може да доживее поинаква зимска приказна.