Дм со хуманитарна донација за националната мрежа Глас против насилство

Трета година по ред го менуваат трендот - наместо обезбедување на попусти за Блек фрајдеј утре под слоганот „Giving is the new black”, дм ги заменува попустите со хуманитарна донација!

„Водени од филантропскиот принцип, кој е длабоко вкоренет во нашата компанија, ќе се стремиме да ја искористиме нашата позиција на пазарот за создавање на подобро место за живеење за сите нас“. Вака гласи една изјава од компанијата дм (dm) дрогерие маркт, а дека ова не се само празни зборови, покажуваат по којзнае кој пат активностите кои компанијата ги презема на дело.

Оваа година дм донираа 5% од вкупниот промет остварен на овој ден од сите свои дрогерии, на националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ,,Глас против насилство’’. Мисијата на мрежата е справување со проблемите на насилство врз жените и семејно насилство.

Минатата година, со помош на своите купувачи и фанови, преку акцијата за Блек фрајдеј, дм (dm) донираше 750 пакети со храна за социјално-загрозени сограѓани, а во 2019, кога за прв пат се организираше оваа акција беа вложени 300.000 денари во обнова на медицинските апарати во Клиничкиот центар во Штип.

Затоа, сите вие кои сакате да направите добро дело, ве покануваме да се приклучите кон оваа кампања на dm со пазарување во нивните дрогерии во петок, на 26 ноември и да придонесете заедно да го кренеме гласот против семејното и насилството врз жените.

Комерцијален текст

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе