„Дм“ донираше респиратори во вредност од 36.600 евра

Компанијата „дм“ (dm) донираше два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра со цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за хронично болните пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.

Респираторите се донирани во Министерството за здравство, кое согласно потребите на здравствените институции во нашата земја донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.

На ниво на целата дм група донирани се вкупно 15 респиратори – анестезиолошки вентилатори Примус, со што, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски ланец во Европа, дм продолжува да биде сојузник на заедницата на патот кон побезбедна и поздрава иднина.

„Дм е познат кај широката јавност како компанија која е вистински заснована на принципите на друштвена одговорност. Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја. Во моменти, кога како општество, сме соочени со големи предизвици предизвикани од глобалната пандемија, неопходна е сечија солидарност, за да излеземе како победници од оваа битка. Се надеваме дека овие два респиратори – анестезиолишки вентилатори Примус од германскиот производител Драгер (Dräger) кои ги донираме, ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме”, изјави Предраг Петровиќ, член на управата за дм вo Србија и Македонија.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе