ДКСК утврди судир на интереси, Тунески од РКЕ ќе ги продава акциите во „Макпетрол“

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека постои судир на интереси во предметот по пријава на познат подносител – правно лице, за лицето Атанаско Тунески, член на Регулаторната комисија за енергетика бидејќи имал акции во Макпетрол АД пред да биде именуван на таа функција.

Тој за член на РКЕ бил избран од Собранието по предлог на Владата по спроведен јавен оглас во јуни 2018 година.

ДКСК утврди дека Тунески ги пријавил акциите, но во огласот не било наведено дека треба да се наведат сите забрани иако тоа е таксативно наведено во член 22 од Законот за енергетика и во член 55 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Донесена е одлука за постоење судир на интереси и Тунески е информиран дека во рок од 15 дена треба да одлучи дали ќе остане на функцијата или ќе ги продаде уделите.

Од РКЕ информираа дека Тунески веќе постапил по одлуката и ги продал акциите, но се чека на формалната потврда од РКЕ дека е тоа направено за да се затвори предметот.

Регулаторната комисија за енергетика нема да побара од Собранието да го разреши Тунески, иако според член 19 од законот, имаат право да го сторат тоа, доколку некој од членовите ја злоупотребил функцијата или работел спротивно на законот.

Во целиот овој случај остана нејасно зошто надлежните државни институции навремено не го спречиле судирот на интереси и зошто институциите сѐ уште молчат и за отворените закани на Тунески кон најголемата енергетска компанија во земјава.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе