регулаторна комисија

Дизелот поевтин за 2 денари, бензините поскапи за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04%, при што бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот со намалување на акцизата сега ќе биде поевтин за 2 денари.

Растот на цените на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 2 денари за литар за  Еуродизел (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Еуросупер БС-95 од вечер на полноќ ќе се продава по 72,50 денари/литар, Еуросупер БС -98 по 74,50 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 63,50   денари/литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), се намалува за 2 денари/литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.7.2021 година и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 61 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 ден/кг и сега ќе изнесува 38,018 ден/кг.

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе