Регулаторна комисија за енергетика

Дизелот од полноќ поевтинува за половина денар по литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), се намалува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 52 денари. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат,  и остануваат 61 денар за Еуросупер БС-95, 63 денари за Еуросупер БС-98  и 41,5 денари за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1).

Со одлуката на РКЕ за 0,445 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 31,268 денари.

Како причина за промената на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат променетите референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кои се зголемени за околу 0,099 отсто кај бензинот и намалени кај дизелот за околу 1,215 отсто, како и за 0,74 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

 

 

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе