Дизелот се спушта под 100 денари и ќе се продава за 99,5 денари за литар

Од вечерва по полноќ дизел горивото поевтинува за 2 денари по литар и неговата цена ќе изнесува 99,5 денари, објави Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензините не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,215 ден/кг.

Од вечерва по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС - 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,740 (денари/килограм)

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе