Дизел горивата на Макпетрол се според стандардите на ЕУ

Во современата лабораторија на „Макпетрол" денеска беа презентирани новите дизел горива, Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power.

„Циклусот на инвестиции во нашите капацитети и производи е континуиран, а во изминатите неколку години и значајно зголемен, свесни за одговорноста која како компанија ја имаме пред нашите верни потрошувачи, но и кон општеството како целост. Можеме нескромно и без задршки да се пофалиме со неколку капитални проекти како што се новите бензински станици во Скопје и Тетово и надградените веќе постојни бензински станици меѓу кои и најголемата во Гевгелија, пред граничниот премин со Грција.

Дополнително во последните години палетата на горива ја збогативме и со дизел гориво кое во себе содржи био компонента, Ultra Diesel Bio Jet, а останатите горива од фамилијата ULTRA беа целосно подобрени според највисоките европски стандарди“, изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

„Новото премиум гориво на Макпетрол Ultra Diesel Green Power е надградба на досегашното Ultra Diesel Power Jet гориво. Како и досега тоа е кристално чист еуродизел добиен преку процес на филтрирање на дизел горивото преку филтри што се користат за филтрирање на авиогоривата, во комбинација со нови, најсовремени адитиви. Тие обезбедуваат многу поефикасно согорување што значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови“, додаде Георгиевски.

Горивото Ultra Diesel Bio Power е уште едно современо дизел гориво.

„Ultra Diesel Bio Power содржи 6% дизел гориво од висококвалитетно растително масло додека останатите 94% ги сочинува нашето кристално чисто Ultra Diesel Green Power гориво. На овој начин на пазарот нудиме горива со состав идентичен со дизел горивата што ги пропишува ЕУ, со цел да се зголеми уделот на енергија од обновливи извори“, дополни Георгиевски.

Од компанијата велат дека во моментов е единствена на македонскиот пазар која на своите потрошувачи им нуди можност да користат вакво дизел гориво.

„Новите дизел горива на Макпетрол, се специјално дизајнирани горива со примена на најнови светски и европски искуства како и најсовремена технологија за примена на адитиви и други технолошки постапки. Со нивна употреба се постигнува зголемена ефикасност, моќност, заштита на моторот, чистота на моторот и пред се заштита на животната средина“, вели Горан Ангеловски, директор на дирекција за стандардизација, квалитет и екологија.

Горивата Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power се сертифицирани не само за постарите возила со DI (Direct Injection) и IDI (Indirect Injection Technology) туку и за најновите CRDI (Common Rail Direct Injection) мотори.  

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе