Директорот на ЕЛЕМ, Мицковски се повлече од функцијата соработник на Владата

Генералниот директор на државната ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, на први јуни поднел барање за раскинување на договорот како надворешен соработник за енергетика, функција што ја имаше во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од ЕЛЕМ потврдуваат дека истиот ден поднел и неотповиклива оставка од функцијата член на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас, во регионите 1,2,3.

Мицковски се повлекол и од Комисијата за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“, за што барањето го доставил до Министерството за животна средина. Овие советодавни функции Мицковски досега ги извршувал бесплатно.  
Како причина за оставките Мицковски ги навел различните политички, економски и енергетски концепти со оние што ги има новата влада.

Инаку, Мицковски е се уште директор на ЕЛЕМ, но се очекува да биде разрешен и на негово место владата да постави друг кадар.

Тој денеска изјави дека е отворен за соработка со наследникот што ќе дојде на негово место и додаде дека ќе му предложи да продолжи реализацијата на веќе започнатите проекти во компанијата, кои, како што кажа, се корисни за портфолиото на компанијата, но и за доброто на државата и сите граѓани.

„Моја задача ќе биде да го убедам наредниот директор на компанијата дека проектите се добри. Стојам на располагање да помагам во реализација на стратешките проекти од кои ќе имаат корист сите граѓани и отворен сум за соработка со секој што и мисли добро на компанијата и на државата“, рече Мицкоски.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе