Штип

Димковски: За да се спречи африканската чума свињите треба да се уништат

Свињите од дивите фарми мора да се уништат како дел од превентивните мерки, за да се спречи појавата на африканската чума во земјава, порача уште еднаш Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

„На почетокот оди тешко, но мора да се разговара со одгледувачите и да им се посочи дека последиците од појава на болеста можат да бидат многу тешки“, изјави Димковски.

Тој истакна дека одгледувачите на свињи и граѓаните нема да бидат оштетени и државата на одгледувачите им нуди, како што вели, фер цена за откуп.

„За расна маторица ќе се исплаќаат 24.000 денари по грло, за мелези 16.000, додека за расна маторица со неодбиени прасиња 30.000 денари, а за мелези со неодбиени прасиња 22.000 денари. За прасиња тешки 10-25 килограми ќе се даваат 170 денари по килограм, а за прасиња од 25-80 килограми 120 денари по килограм“, рече Димковски.

Димковски денеска беше во посета и на општина Штип, каде што имаше средба со градоначалникот Благој Бочварски.

„Нашите инспекциски служби ги презедоа сите активности во насока на отстранување на дивите фарми за свињи, особено во близина на депонијата. Во овој момент таму нема движење и присуство на свињи. Состојбата ја следиме будно и реагираме во секој момент“, вели Бочварски.

Ветеринарниот лекар, Крсте Митев, вели дека африканската чума е серизоно заразно заболување кое се јавува кај свињите и за кратко време може да уништи цели фарми.

„Сите одгледувачи на свињи мора да се регистрираат и да ги следат препораките на Владата. Зборуваме за сериозно заболување за кое нема вакцина и не се лекува, што значи дека доколку се појави, единствен начин е уништување на свињите“, рече Митев.

Проценките се дека на ниво на државата во кланица треба да завршат околу 20.000 свињи од нерегистрирани фарми.  Од нив, најмалку 2.500 се во источниот дел на државата.

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе