Димковски: Правиме се за да не дојде до зараза со „африканска чума“

Посакуваме и работиме да не се префрли „африканската свинска чума" во земјава и трошиме пари за да не дојде до тоа, бидејќи на овој начин ќе се потрошат многу помалку пари отколку ако се случи, посочи денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

„Доколку ни се случи таква состојба мора да се делува брзо без разлика на цената и средствата кои ќе се одвојат од буџетот. Со брза реакција ќе бидат заштедени пари, а ако се остави заразата да биде со широки размери ќе има катастрофални последици по буџетот“, порача Димковски во одговор на прашање по денешното потпишување договори за набавка на приплоден добиток во Платежната агенција.

Прашан дали има фонд за обесштетување на земјоделците доколку дојде до уништување на фаримите заради појава на „африканска чума“, Димковски рече дека никој не планира и не става пари во фондот за таква работа.

„Работиме да не дојде до тоа, но доклолку се случи таква ситуација сигурно ќе се обештетат земјоделците. Сепак, целта не ни е да се обесштетат земјоделците и да се уништи сточниот фонд, односно свињите, туку превентивно да направиме се за да се заштитиме да не дојде до зараза“, рече Димковски.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе