Министерот за земјоделство со апел

Димковски ги повика техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ да соработуваат за добро на граѓаните и државата

Министерот за земјоделство Трајан Димковски ги повика техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ да излезат од матрицата во која се заглавени и до 12 април, за добро на државата и граѓаните, да соработуваат со министрите и дополнителните министри од СДСМ и покрај разликите во идеологијата, начинот на размислување и политичкото дејствување.

Димковски денеска порача дека формирањето на техничката влада нема да биде пречка за спроведување на зацртаните политики, мерки и активности кои треба да ја доведат земјава до полноправно членство во НАТО и до добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ. Токму целта на техничката влада, како што рече, е да овозможи завршување на овие процеси. Конкретно, во секторот земјоделство, според него, иако е назначен дополнителен заменик-министер, нема да има никаков застој во реформите. Ќе се спроведуваат и планираните активности, ќе продолжи навремената и неселективна исплата на субвенциите, нема да се поништат јавните повици за давање под закуп државно земјоделско земјиште и ќе се реализираат инвестициите во водостопанството.

„Ова е исклучително битен период за нашата држава, период во кој граѓаните очекуваат нормално функционирање на сите институции. Тие не смеат да бидат жртви на опструкции, блокади, дневни препукувања во овој предизборен период. Граѓаните се на прво место и затоа повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон начинот на кој прогресивните сили ја водат земјата. Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада е да обезбедат континуирано функционирање на институциите, на владеењето на правото и демократијата“, рече Димковски на прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш повтори дека притисоците и селективноста не се одлика на СДСМ.

„Ние не ги злоупотребуваме институциите како што правеше претходната влада. Нема веќе исплата на субвенции по списоци. Секој земјоделец што ги исполнува условите е навреме исплатен“, додаде Димковски.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со секојдневните изјави на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски за наводно неисплатени отштети или субвенции, Димковски порача дека институциите се тие што треба да кажуваат и решаваат, а не поединци.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе