Димковски: Досега извезени 2.000 тони праски кон Русија

Оној кој има добар квалитет, нема никаков проблем со праската, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Според него, откупот на праски тече без никакви проблеми, надминати биле сите проблеми со Русија, па годинава, министерот очекува извозот кон таа држава да биде успешен. Последните податоци покажуваат дека досега се извезени се 1.500 до 2.000 тони праска во Русија.

Димковски  исто така истакна дека  пазарот станува сѐ повеќе пребирлив, а дека асортиманот на праската кај нас е познат. Првата берба не е многу барана, бидејќи според првиот човек на земјоделство не излегувала лесно коската од праската и не биле лесни за преработка.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе