Министерот за земјоделство на прес-конференција

Димковски: 5.000 земјоделци ќе треба да подигнат картички за „зелена нафта“

Зголемувањето на поддршката за „зелена нафта“ од досегашните 30 на 50 отсто не е поради изборите, туку поради коронакризата, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Како што кажа Димковски на прес-конференција, на земјоделците овие средства им се најпотребни сега за да бидат што поконкурентни, зашто и цената на нафтата изминатите два месеца забележа пад.

На презентацијата на третиот столб од последниот сет економски мерки донесени минатата недела, Димковски информираше дека Договорот за картичките преку кои земјоделците ќе може да купуваат „зелена нафта“ е веќе потпишан со економскиот оператор. Поради рестриктивното движење и потребата од држење дистанца, картички ќе треба да подигнат само околу 5.000 производители, оние што не ја користеле оваа мерка. На останатите, пак, кои веќе имаат картички, тие ќе им бидат само надополнети, зависно од културите и површините со кои располагаат.

„Очекуваме веднаш по подгнувањето на картичките, земјоделците да почнат и да ги користат“, рече Димковски, додавајќи дека за оваа мерка годинава се проектирани 4,5 милиони евра.

Тој говореше и за кредитот вреден 50 милиони евра од Светска банка за кој Договорот е веќе потпишан и е доставен до Собранието. Средствата ќе бидат наменети, пред сѐ за изградба на трите откупно-дистрибутивни центри: во Скопје, Стгрумица и Ресен. Но, дел од средствата ќе се искористат и за регистарот, односнои пописот на државното земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и пасиштата.

„Дел од парите се планирани и за изградба на кафилерија (4,5 милиони евра се грант од Европската комисија), дел се за реконструкција на Платежната агенција за која се бара нова зграда и нова техничка опрема. Средства има и за едукација на земјоделците која е предвидена по отворањето на октупно-дистрибутивните центри“, нагласи Димковски.

Во врска со петте милиони евра поволни кредити преку Развојната банка кои може да ги користат микро, малите и средните претпријатија, Димковски информираше дека условите се значително подобрени. Се работи за постојна, редовна кредитна линија за која е зголемен максималниот износ од 300.000 на 500.000 евра, рокот за отплата е зголемен на 24 месеци за обртни средства, односно на 10 години на основни средства, а камата е фиксна и изнесува два отсто.

Во однос на мерката за земјоделско земјиште напомена дека не е планирана прераспределба, туку се овозможува продажба на државно земјоделско земјиште, а целта е малите површини да се окрупнат. Притоа, предмет на продажба може да биде и државно земјиште на кое се наоѓаат фарми или придружни објекти.

„Се работи за мали, расцепкани површини за да дојде до окрушнување. По изборите се планираат нови јавни повици кои ќе стават на продажба државно земјиште под управни згради, стопански дворови, настрешници за кое сопственоста не е решена“, рече Димковски.

Според него, секоја мерка од третиот столб е креирана за поддршка на земјоделците, за зголемување на конкурентноста и продуктивноста.

Одговорајќи на новинарски прашања, образложи и дека мерките може да ги користат земјоделците регистрирани како трговци – поединци, но не и индивидуалните кои не се регистрирани како правен субјект.

Димковски на прес-конференцијата потсети дека е предвидена поддршка и на семејните агро бизниси преку финансирање стартапи, винарии со грантови од 10.000 евра од кои 1.000 евра може да се искористат и за ангажирање експерти, а за да се користат грантовите, земјоделците треба се регистрираат според дправилниците: за мали винарии, како и за флексибилност за производи од растително или животинско потекло. Поддршка во овој сегмент, три милиони евра од буџетот на МЗШВ, е планирана и за нетрадиционални производи како лековитите и ароматичните растенија.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе