Министерство за финансии

Димитриеска–Кочоскa: Задолжување со 2,5 милијарди денари, а нови инвестиции нема

Македонија се задолжува, а нови инвестиции немаме, економијата стангира и е на последното место во Западен Балкан по раст, наведува дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска во соопштение во кое стои дека денеска нашата држава ќе се задолжи за нови 3 милијарди денари или 50 милиони евра.

„На 14 јануари 2020 имавме задолжување исто така од 500 милиони денари, а на 28 јануари 2020 година 1,3 милијарди денари“, стои во соопштението во кое дополнителната заменик-министерка прашува каде одат овие огромни суми, кога граѓаните не гледаат никаков бенефит.

„Со денешната аукција има 37,3 милиони евра нето долг, додека капиталните инвестиции заклучно со денеска се 16 милиони евра. Тука, според неа, се поставува прашањето каде е разликата од 21 милиони евра и за што ќе служат овие средства“, наведува Димитриеска Кочовска во соопштение.

Нелогичноста, додава, оди подалеку кога ќе видиме дека Владата потрошила 450 илјади евра за изградба на депонии, а внимавајте цели 350.000 илјади евра за реконструкција на споменици и 200.000 евра на нови моторни возила.

„Државата сѐ повеќе се задолжува, а граѓаните треба да знаат што се случува со нивните пари, додека квалитетот на живот во Македонија стагнира и никој не живее подобро. Животот на кредити и крпен живот не е тоа што го очекуваат и сакаат граѓаните во Македонија. Ваквото, во најмала рака несериозно располагање со парите на народот е неприфатливо и тоа мора да се промени“, стои во соопштението од дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе