Девет години Лото и Џокер на Државна лотарија

На 23 април 2010 година, Државна лотарија почна со приредување на првата Лото игра под име Ново лото. Моделот на игра беше дизајниран според можностите и пазарот таа година. Едновремено беше воведена и играта Џокер како дополнителна игра. Обете игри се приредуваат веќе девет години.

Во богатиот историјат на премии, првата 7-ка се запиша во Битола, а првата Џокер премија во Делчево.

Во историјата на Ново лото, среќната приказна на седумките почна во Битола, со првата премија на играч од Битола која му донесе 21.173.081,00 денари, во извлекувањето одржано на 9 мај 2011 година. Најголема премија досега, носеше седумката постигната во октомври 2016-та со вкупна вредност од 27.503.930,00 денари.

Седумката, во своите досегашни посети, беше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и 11 пати во Скопје. Во запознавењето со добитниците, дознавме дека една од седумките во Битола е уплатена од играч од струшко село, а меѓу скопските седумки имавме и играчи од различни краишта на земјата. 

Џокерот со 6 погодоци изненади по два пати во Делчево и Скопје и по еднаш во Струмица и Берово. Најголемата Џокер премија е освоена на 12 март 2016 во Струмица со вредност од 3.221.285,00 денари, а втората по големина, со вредност од 3.003.077,00 денари, беше постигната во 2013 во Делчево.

Лото и Џокер се игри на среќа, а со среќата никогаш не се знае. Во историјата на Ново лото, досега популарната седумка падна 21, а од тоа, 12 пати без собран фонд, при што Државна лотарија го исплати гарантираниот фонд на добитниците на седумка. Така беше и со последната, 21-та седумка, која на добитникот му го донесе гарантираниот фонд од шест милиони денари, на 20 јуни 2018 година. Оттогаш наваму, од коло во коло, фондот за седумка бележи значаен раст и висината на премијата се ближи кон 28 милиони денари.

Во играта Џокер, досега славевме со шест добитници на премија за Џокер со  6 погодоци, од кои кон тројца, Државна лотарија исплати гарантирани премии од по 600 илјади денари. Последната премија за Џокер со 6 погодоци беше постигната на 14 септември 2016 година, од кога фондот за премијата континуирано се полни и веќе надмина 4,2 милиони денари.

Дел од добитниците на премиите од Лото и Џокер и јавно ги запознавме, дел сакаа да останат анонимни, но посебно не радува што добиените средства од игрите на среќа кои ги приредуваме, на сите им го променија животот на подобро.

Активна консултација со играчите за можни подобрувања на игрите

Државна лотарија, како одговорен приредувач на игрите на среќа, преку активна комуникација со играчите на терен, низ  продажната мрежа, на бројни промотивни активности, преку комуникацијата на социјалните медиуми, како и спроведуваните анкети на уплатно-исплатните места и на веб страната, ги собираше и анализираше советите, забелешките, желбите и очекувањата на играчите од игрите Лото и Џокер.

Игрите Ново лото и Џокер, непроменети, заокружуваат девет години од почетокот на нивното организирање.

Наскоро нова енергија во играта Лото

Во тек на последните две години, тимот на Државна лотарија, посветено работи на внесување подобрувања и креирање можности за повисоки добивки за поголемо задоволство на играчите.

Со цел обележување на почетокот на 10-та година од приредување на Лото игри, стручните служби работат со зголемен интензитет на едно ново посовремено решение кое ќе внесе значително освежување и нова енергија во Лото играта. 

Имплементацијата на ова решение е во тек,  а наскоро ќе биде и официјално најавно, соопшти Државна лотарија.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе