Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)

Деспотовски: Сакаме да ги видиме банките како наши партнери во поддршка на растот на македонската економија

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги презентираше инструментите за финансиска поддршка на домашните компании пред членките на Македонската банкарска асоцијација во која членуват сите деловни банки и штедилници. Целта на ФИТР е поттикнување на банкарскиот сектор за поактивно вклучување во кофинансирање на програмите за иновации и технолошки развој.

Од ФИТР информираа дека пред директори и членови на управни одбори на сите банки во земјава се презентирани и резултатите од досегашното работење на Фондот преку анализа на спроведувањето на проектите и ефектите за домашната економија. Се дискутирало и за тоа како можностите за кредитирање од страна на банките да станат подостапни не само за корисниците на ФИТР, туку и за компаниите чии предлог проекти поради ограничените финансиски ресурси на Фондот не се одобрени за финансирање, а имаат потенцијал.

„Сакаме да ги видиме банките како наши партнери во поддршка на растот на македонската економија“, изјавил директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

Претставниците на банките позитивно ја оцениле работата на ФИТР и изразиле подготвеност дека ќе ги разгледаат сите можности за финансирање, како и да се воспостави пракса за размена на информации помеѓу ФИТР и МБА за успешна реализација на овие иницијативи.

Портфолиото на ФИТР во последниве две години бележи седумкратно зголемување во однос на бројот на  корисници од периодот 2014 – 2017 и брои 250 микро, мали, средни и големи домашни компании. Тие компании реализираат инвестиции во износ од околу 40 милиони евра, од кои 23 милиони се обезбедени како кофинансирање од Владата и Светската банка

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе