Деспотовски: Една милијарда евра инвестиции во овој мандат се достижна цел

Во првите три месеци од годинава се потпишани договори со три странски компании со вкупен износ од 50 милиони евра, а во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра. Канадската МАГНА која ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Струга е третата нова инвестиција за годинава, и иако поради пандемијата нивните претставници го одложија доаѓањето договорот сепак е потпишан, најави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

„Она што е важно е што самиот тек и реализацијата на инвестициите, не зависи од чинот на потпишувањата. Не робувам на сликање, важно ми е работите да се случуваат“, рече Деспотовски. 

Тој посочи дека во последните пет месеци успеале да поттикнат интерес кај петнаесет компании, дел од актуелните инвеститори, а дел се нови.

„Тоа се инвестициски проекти кои вкупно тежат околу 250 милиони евра и со кои се предвидува отворање на дополнителни 5500 работни места. Со овие компании разговараме во моментов и можам да кажам дека добар дел од нив веќе се во фаза во која подготвуваме одредени симулации за тоа што компанијата може да очекува како поддршка од државата што е чекор пред склучување на договор. Секоја работа сакам да ја водам со предизвик, амбиција, но и оптимизам кој се базира на реални бројки. Јас сум реален оптимист и можам да кажам дека годинава ќе биде позитивна“, изјави Деспотовски синоќа во „Тема на денот" на Сител телевизија.

Деспотовски истакна дека пандемијата покажа дека фокусот само на еден сектор е ризик, како примерот со автомобилската индустрија кај нас, поради што ТИРЗ ја менува политиката и се отвора кон привлекување инвестиции и од другите сектори. Тој потенцираше дека две од компаниите со кои се разговара се од фармацевтската индустрија, која како што рече, носи и поголема додадена вредност – повеќе средства во буџетот и повисоки плати. 

„Едната е инвестиција во 9 цифри, односно повеќе од 100 милиони евра. Ако го задржиме трендот, а имаме амбициозна агенда и амбициозен работен план којшто веќе го реализираме, слободно можам да кажам дека во мојот тековен мандат можеме да стигнеме и до 1 милијарди инвестиции во ТИРЗ. Исто толку е направено за 20 години, а ние целиме да го направиме за 4. Наша цел се и нови работни места, па ако за 20 години се отворени 14.000, во следните 3 години оваа бројка двојно да ја зголемиме. Јас верувам дека овие бројки се достижни“, нагласи Деспотовски.

ТИРЗ воведе нов индивидуализиран пакет на државна помош и креира нови политики за привлекување на инвеститори врз основа на бројки и анализи кои постојано се прават и кои се базираат на фактот за кој период државата ќе си ги врати парите што ќе ги вложи, како и колку работни места ќе се отворат и колкави плати ќе им се исплаќаат на вработените.

„Продолжувањето на политиката на привлекување на инвеститори врз база на евтина работна сила кај нас креира системска сиромаштија. Можеби пред 15 години тоа било оправдано, меѓутоа од денешна перспективна тоа не е повеќе доволно. Нашата политика е дека инвеститорите кои ќе дојдат, достоинствено ќе ги платат луѓето“, рече Деспотовски.

Инаку во 2020 година, и покрај пандемијата компаниите во ТИР зоните имаат позитивни економски резултати стабилен број на вработени и раст на платите од 2 отсто, како и зголемена уплата во државниот буџет, покажува првичната годишна анализа. Компаниите вкупно уплатиле во буџетот околу 40 милиони евра во 2020 година што 90 отсто повеќе од дадената државна помош за истиот период.

„Во државниот буџет за 2020 останале 30 милиони евра како разлика од она што е приходувано и она што е реално исплатено. Тоа се повеќе пари за пензии, јавно здравство, образование, инфраструктура. Веќе работиме на посебни механизми за поттик на инвеститорите што побрзо да ја искористат помошта и да почнат да уплаќаат повеќе пари во државниот буџет. Поддршката на државата на инвеститорите е и поддршка на десетици илјади наши сограѓани низ целата земја“, нагласи Деспотовски.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе