Народна банка

Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти

Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти, објави Народната банка. На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти.

Според податоците што ги објави централната банка, забележано е зголемено кредитирање и на месечно и на годишно ниво кај двата сектора, но со поголем обем кај домаќинствата.

Кај корпоративниот сектор се бележи нагорна промена и на годишно и на месечно ниво за 4,8 проценти и 0,6 проценти, а кај домаќинствата за 7,5 проценти и 0,8 проценти. Растот во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во денари.

Најголем раст е забележан кај потрошувачките и станбените кредити, додека кај автомобилските кредити има месечно зголемување од 2,4 проценти, а на годишна основа продолжува трендот на намалување. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат и месечно и годишно намалување.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе