Една од најопасните и најтешки профисии пред исчезнување

Денот на рударите без одбележување, но Владата рударството го смета за важна индустриска гранка

Претставниците на Министерството за економија нема да се сретнат со рударите на нивниот празник - Денот на рударите секоја година се одбележува на верскиот празник Богородица, како нивна заштитничка. Во официјалното соопштение на Министерството се вели дека одбележување нема поради пандемијата со ковид-19. Честитка до рударите упати премиерот Зоран Заев преку Фејсбук. Рударите велат дека рударството е тешка и опасна професија, но слабо вреднувана.

„Рударството е едно од основните гранки за развој на индустријата во една држава, а Северна Македонија, во споредба со својата географска големина, има големо и непроценливо богатство од минерални суровини. Истовремено, овој важен стопански сектор, како и придружните што го опслужуваат овој комплекс, во нашата земја, бројат над 10.000 вработени. Затоа, особено значајно ни е оваа гранка да се развива во насока да обезбеди економски раст за државата, но и перспективно да влијае врз секој сегмент на општеството“, се вели во соопштението на Министерството за економија со кое им се упатува честитка на рударите по повод нивниот празник.

„Во име на почитта и признанието за тешката работа на рударите, оваа Влада го исполни нивното долгогодишно барање за намалување на старосната граница за пензионирање и исправи една голема неправда. Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сега рударите наместо на 58, правото на пензија можат да го остварат на 50 години. Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот сектор кој учествува како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите“, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на „Фејсбук".

Рударите во рударските градови сепак, се собраа на отворен простор за да го одбележат нивниот ден.

Велат дека тоа е многу тешка професија, опасноста од трагични рударски несреќи е голема, а долгиот престој во окната го загрозува здравјето. Но, нагласуваат, на рударите им се покачени платите во однос на претходните години, но дека тие се сепак ниски ако се споредат со примањата нивните колеги од другите земји.

Нагласуваат дека вредноста на металите се утврдува на светските берзи и дека профитот на сопствениците на рудниците во Македонија е во согласност со светските цени, но не и платите на македонските рудари.

„Затоа, младите не сакаат да станат рудари и голем број од нив ги напуштаат домовите и заминуваат во странство барајќи подобазр живот. Кога гледате како една смена влегува во рудникот, ќе ви падне во очи дека млади речиси и да нема. А ние, и не сме можеби многу стари, но изгледаме така поради тешките услови за работа“, изјави еден рудар од Македонска Каменица, каде денеска се одбележа Денот на рударите.

Инаку, во посета на рударскиот град Македонска Каменица денеска беше вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата Љупчо Николовски кој присуствувал на народниот црковен собир по повод христијанскиот празник Света Богородица и на промоцијата на новиот Младински парк во Македонска Каменица.

Николовски го честитал Денот на рударите и порачал дека Владата ќе продолжи да ги унапредува правата на рударите. Тој упатил и пофалби до Општината и до градоначалничката од редовите на СДСМ Соња Стаменкова за реализираните проекти.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе