Денеска Уставниот суд повторно ќе заседава за иницијативата на Оштетени штедачи од Еуростандард банка

Втора шанса на Уставниот суд да ја исправи неправдата врз штедачите – вака од Иницијативниот одбор на здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ најавуваат дека судот денеска повторно ќе се произнесе за уставноста на членот 163 од Законот за банки.

„Една единствена институција во државата, а тоа е Уставниот суд, сепак дава надеж дека некој мисли на овој криминал и неправдата нанесена врз депонентите, граѓани и фирми, преку повторното закажано заседавање по претходно поднесена иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Истата расправа е од отворен карактер и е закажана за денеска  со почеток во 9,30 часот“, соопшти здружението.

Тие го поздравуваат овој потег на Уставниот суд повторно да ги разгледа уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од овој закон, со кој, како што се наведува „му се дава монопол на Фондот за осигирување на депозити да целосно наплати од стечајната маса пред сите други доверители“.

„На тој начин се врши дискриминација, нееднаквост и директно оштетување на сите доверители и особено на правните лица коишто не се воопшто обештетуваат од Фондот. Ова е единствен, уникатен пример за неправда и неуставност во цела Европа и пошироко“, велат од здружението.

На претходното заседавање на Уставниот суд, од вкупно девет уставни судии, четири гласа од судиите беа за укинување на спорната одредба од Законот за банки, оставајќи ги останатите пет судии да ја запечатат судбината на над 3.000 семејства погодени од овој криминал и мега скандал, се вели во дописот, но како што порачуваат од Здружението на штедачи на Еуростандард банка, „шансата е повторно тука, втора шанса заслужува секој што згрешил, сега е моментот за носење на историска одлука“.

Оштетени штедачи соопштиваат дека ќе продолжат да да објавуваат детали од криминалот кој со години се случувал во Еуростандард банка.

„Јавноста и сите учесници во банкарскиот систем заслужуваат да го дознаат тоа. Начините на коишто се давале неповратните кредити и немото следење на истото од страна на Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, за жал соодветствуваат со сегашното молчење на надлежните институции и високите владини претставници кои на тој начин го легитимираат и продолжуваат криминалот“, се вели во соопштението.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе