Министерство за транспорт и врски

Денеска нов договор со „Визер“ за субвенции на евтини авиолинии

Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии ќе потпишат денеска министерот за транспорт Горан Сугарески и претставници на нискобуџетната авиокомпанија „Визер".

Тоа е трет Договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Визер“. Во нарендите три години на авиокомпанијата треба да ѝ бидат исплатени пет милиони евра. Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.

Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи. На сите три повици понуда достави само „Визер“ која опслужува евтини авиолинии од македонските аеродроми во изминатите шест години.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе