На 3.828 тутунопроизводители

Денеска ќе им се исплаќаат близу 3,9 милиони евра субвенции за тутунот од ланскиот род

Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот. Се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела, соопшти денес Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Минатата недела на 20.880 тутунари им се исплатија 22 милиони евра, или околу 80 отсто од вкупната сума за исплата на субвенции за тутунот,. Досега се исплатени близу 26 милиони евра за субвенции за тутунот од родот за 2017 година за 24.708 тутунари.

Тутунарите добија зголемени субвенции за тутунот, односно, според новиот модел на субвенцирање со кој субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, за втора класа 70 денари, а за трета, четврта и за дополнителните класи субвенцијата изнесува 60 денари за килограм. Целта на новиот модел на зголемено субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Оваа година се постигна и убедливо највисока просечна цена за тутунот од 217,6 денари за килограм.

Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно. Во насока на создавање поволни услови и поттикнување развој на оваа култура, МЗШВ го најавува и новиот закон за тутун, кој е во финална фаза. Со него се предвидува укинување на поднесувањето евидентни листови, со што значително се олеснуваат адмнистративните процедури, соопшти денес Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе