Форумот е поделен во седум панели и на него, како што е најавено, се очекува присуство на високи владини претставници од земјава и регионот, амбасадори во земјава, претставници на домашни и странски енергетски компании, како и бројни важни чинители од земјата и регионот.
Настанот е во организација на ЗИП Институтот, Владата на Република Северна Македонија под покровителство на кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, Амбасадата на САД во Скопје, и Делегацијата на ЕУ во Скопје.