Давитковски се повлекуваат од „Скопски пазар“, мајката и синот ги продадоа акциите за 1,7 милиони евра

Тодорка и Сашо Давитковски веќе не се акционери во „Скопски пазар“. Тие пред два дена ги продадоа сите акции што ги поседуваа во ова акционерското друштво - вкупно 22 отсто од акционерскиот капитал на „Скопски пазар“.

Во блок трансакција беа истргувани вкупно 17.532 обични акции издадени од „Скопски пазар“ АД Скопје, по цена од 6.169,61 денари по акција, во вкупна вредност од 108.165.602,52 денари, соопшти Македонската берза.

„Досегашниот акционер Тодорка Давитковска изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во ‘Скопски пазар’, односно 8.055 обични акции, што претставува 11,36 отсто учество во вкупниот број на обични акции издадени од ‘Скопски пазар’ и повеќе не е акционер во ‘Скопски пазар’. Досегашниот акционер Сашо Давитковски изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во ‘Скопски пазар’, односно 7.546 обични акции, што претставува 10,64 отсто учество во вкупниот број на обични акции издадени од ‘Скопски пазар’ и повеќе не е акционер во ‘Скопски пазар’“, соопшти берзата.

Во акционерската книга сега Лико проект ДООЕЛ, градежна фирма од Липково, се јавува како акционер со над 5 отсто во акционерската структура на „Скопски пазар“ со вкупно 17.532 обични акции или 24,71 отсто од бројот на обични акции со право на глас, односно 20,49 отсто од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

На крајот на минатата година најголеми акционери во „Скопски пазар“ биле „Современ дом“ АД Прилеп, со 24,8 отсто од акциите, „ЗСФ ком“ ДООЕЛ Скопје на познатиот бизнисмен Фатмир Етеми со 22,72 отсто, „Скопски пазар“ во чија сопственост се 11,46 отсто од акциите (сопствени акции) и Тодорка и Сашо Давитковски.

„Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри, а во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, врши и сопствена угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), а го поседува е-супермаркетот www.doma.mk.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе