Дарко Димовски избран за нов претседател на ССМ

Вршителот на должност  претседател на ССМ Дарко Димовски на денешното продолжение на Вонредниот конгрес е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Димовски е избран на јавно гласање со 68 гласа „за“ од вкупно 108 делегати кои присуствуваа на конгресот.

Претседавачот на Работното претседателство на Конгресот, Роберт Симоновски, изјави дека Димовски е избран на најдемократски начин преку јавно гласање. Се очекува да се обрати новиот претседател Дарко Димовски кој досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Синдикатот.

Претходно, вториот кандидат Пецо Грујовски од УПОЗ го напушти Конгресот, коментирајќи дека се работи за најконтроверзниот конгрес и оти изгубил и Синдикатот и работниците. 

 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе