Дали во ек на пандемија вашите вработени сѐ уште немаат колективно осигурување?

Вашата компанија ќе ја постигне својата супериорност, тогаш кога ќе го прифатите осигурувањето како инвестиција во сигурност. Тоа е столбот на целиот Ваш бизнис.

Вработените на една компанија се оние која ја прават да биде моќна, тие се нејзиниот двигател кон успех. Со осигурувањето на вработените се испраќа јасна порака за нивната значајност и важност, а тоа е патот да создадете безгрижен и успешен тим.  

Новите насоки за доследна примена на регулативата на пазарот за осигурување, која стапи на сила од 1 јануари 2021 година, а која се однесува на тоа колективно осигурување на вработени со вклучен ризик смрт од болест да можат да нудат само Друштвата за осигурување на живот, бидејќи ризикот смрт од болест по дефиниција припаѓа во оваа група на ризици, ја наметна потребата друштвата за осигурување да ги прилагодат своите понуди на новонастанатите услови на пазарот.

Брзо растечката компанија за осигурување на живот, Триглав осигурување живот АД Скопје, беше меѓу првите осигурителни компании кои ја прилагодија својата понуда креирајќи производ Колективно ризико осигурување со покритие за смрт од болест. Производот е наменет за вработени во приватни компании, државни институции, членови на синдикални здруженија и сл., a има за цел да овозможи финансиска заштита на семејство на работникот при настанување на немил настан предизвикан од болест.

Компанијата која се јавува во улога на договорувач на осигурувањето го дефинира износот на премија и динамиката на уплата, при што премијата по вработен може да изнесува и само 30 денари месечно.

Триглав осигурување живот АД Скопје од почетоците на пандемијата минатата година, обезбеди целосно осигурително покритие на сите свои осигуреници во случај на смрт од ковид-19. Колективното осигурување со вклучен ризик смрт од болест, покрај покритие за оваа болест, овозможува и низа привилегии и можности за останати осигурителни покритија. Плаќањето на полисата може да биде регулирано преку заддршка од плата на работникот или на терет на работодавачот, а во таков случај овој издадок за компанијата има третман на даночно признат трошок.

Комерцијален текст

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе