Конференција во Романија

Дали сме подготвени за 5Г?

Конференција на тема „Оформување доверлив интернет за сите" – SEED 5G се одржа во Букурешт Романија, организирана од Југоисточен европски дијалог за управување со интернет. На конференцијата учествуваше Благој Христов, претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија како претставник на комората.

Во своето излагање Христов посочи дека 5G технологијата е технолошка еволуција која подржана од сите учесници во процесот - државата, бизнис секторот и научната фела ќе доведе до технолошка револуција.

Лансирањето на 5G технологијата и нејзината комерцијализација е силно поврзано со дигитилизацијата адаптирање на постојни услуги и бизнис решенија, но и иновирање на нови продукти и услуги.  Со дигитализацијата се дава нова „додадена“ вредност, особено предзвик за нашата земја со  трудоинтензивни и ниско репродукциони индустрии, како мерка за забрзан економски раст.

Дигиталната траснформација, како што акцентира претседателот на Здружението на ИКТ при Комората Христов, креира економски раст, така што со 10% од растот на индексот на дигитализаиција влијае врз 0,63% раст на БДП на Западен Балкан. Ова се податоци добиени од студијата - Учеството на Дигиталната трансформација на Западен Балкан - справување со предизвиците на политичката стабилност и економскиот просперитет.

Сепак за да се реализира инвестирање во нови технологии вклучително и 5G (за да се постигне економска оправданост, економија на обем, реален поврат на инвестициите), неопходна е поддршка од државата и стимулации во намалување на пара-фискалните оптоварувања на операторите како поддршка за инвестиција во 5G технологија и „супер брзи“ мрежи, надминување на „дигиталниот јаз“, предизвик за заедничко градење на мрежи и користење на капацитетите на “utility” компаниите за струја, водовод, гас и сл.).

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе