Дали е важна високата технологија за една лабораторија?

Одговорот е да. Технологијата и развојот на медицината, во последниве години направија сериозен и голем исчекор на полето на превенција, дијагностицирање, како и лекување на болестите. И не само тоа, модерната медицина ги олеснува процесите во животот, бизнисот, вклучително и во примената на медицината кај пациентите. Преку напредокот на самата технологија, особено во здравствениот сектор се обезбеди побрз и посовремен третман за секој пациент.

За разлика од порано, денеска со развојот на науката се олесни и унапреди пристапот до здравствена заштита. Со вложувањето во обезбедување на најнови и современи медицински технологии се подобрува и начинот на работа во лабораториите. Тоа значи брзи испитувања и прецизни и точни резултати. Со помош на високата технологија се зголемува безбедноста на самите лаборатории поради нивото на ризик од опасни материи или процеси кои ги носи со себе оваа работа.

И во Македонија се отвораат ваков тип на лаборатории. Една од последните е отворањето на специјализираната лабораторија за генетски испитувања ГМ лаб. Оваа лабораторија е опремена со високо квалитетна медицинска опрема која е во чекор со најсовремената технологија. Сите анализи се изведуваат во државата и времето на чекање е значително намалено. ГМ лаб нуди широк спектар на лабораториски анализи со висок квалитет и прецизност. Испитувањата што се реализираат во ГМ лабораторија се темелат на модерната медицина и фармација, со што се поместува границата од лекување на болеста кон заштита и превенција за појава на истата.

Закажувањето на испитување се одвива телефонски, а пациентите можат да направат молекуларни и генетски испитувања од областа на кардиологија, педијатрија, гинекологија, онкологија, дерматологија, инфектологија и други.

Комерцијален текст

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе