Членови на УВМК протестираа пред Министерството за финансии - Следен чекор ќе биде масовен протест

Денеска пред Министерството за финансии протестираа членови на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, со барање да остварат средба со претставници на Министерството.

Марјан Ристески, Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ), рече дека очекуваат да им се каже што се случуваа со оваа категорија вработени, односно дали има пари за реализација на нивните барања согласно со колективниот договор за којшто се усогласија со Министерството за правда и за линеарно зголемување на платите за 30 проценти.

„Се штрајкува, не се даваат изводи, нервоза кај вработените. Ова е игра на нерви од нивна страна, на издржливост, не знам што. Најверојатно имаат некоја стратегија, нека кажат која e. Доколку и понатаму не се огласат за нашите барања следниот чекор ќе биде масовен протест пред Влада. Сите институции ги поминавме, остана уште премиерот Ковачевски. Се добива впечаток дека воопшто не се заинтересирани,“ рече Ристески.

Оваа категорија вработени, посочи Ристески, ги имаат сите податоци за граѓаните од моментот кога се родени се до крај на животот.

„Преку триесет години никој не се интересира за оваа категорија на вработени колку имаат обврски. Има од колегите кои и кривично одговараат. Работат со класифицирани документи. Ние не ги делиме вработените, меѓутоа секој мора да си биде платен според процентот на работа,“ додаде Ристески.

По усогласувањето на синдикатот со МП за колективниот договор тие најавија дека ќе продолжат со штрајкот, што трае веќе еден месец, се додека договорот не биде одобрен од Министерството за финансии.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе