Чист воздух за здрав, долг и среќен живот во подножјето на Скопска Црна Гора

Кога станува збор за чист воздух нашиот „градот убав” не котира највисоко на листата на  градови во коj луѓето со нормален капацитет на бели дробови може непречено да живеат и функционираат, особено во периодот од ноември до април. Но, и во поголемите светски метрополи ситуацијата не е ништо подобра. Светската здравствена организација тврди дека годишно на планетава згаснува животот на 4,2 мил. луѓе како последица од загаден воздух. Во Европа поконкретна статистика водат неколку скандинавски организации тврдејќи дека бројот е поголем од официјалните резултати.

Загаденоста во Скопје поттикнува многумина да размислуваат за живот во поздрава средина, односно пронаоѓање на алтернативни локации за домување каде воздухот е чист преку целата година. И тоа не е тешко доколку свеста проработи на време.

Скопска Црна Гора, чие подножје е на само 12 км од центарот на Скопје е оксигенска порта на северната страна на Скопје и непрекинато го снабдува градот со кислород. Факт е дека во овој дел од периферијата на главниот град не постоеле и ниту постојат некакви индустриски капацитети кои загадуваат. Сетo ова дополнето со зеленило и природни извори на вода, нуди извонреден простор за здрав и квалитетен живот на сите генерации.

Во самото подножје на прекрасната Скопска Црна Гора, на 1км од спортскиот аеродром Стенковец лоциран е првиот комплекс со 11 куќи – We and Nature“, кој нуди една посовремена форма на живеење. Покрај многутте, една од најголемите предности на живеење во комплексот е што  околината е 100% чиста и незагадена од ниеден аспект, а има и одлична инфраструктура (канализација, водовод, електрична енергија, геотермани води).

Архитектите на „We and Nature” цврсто веруваат дека чистиот воздух навистина допринесува за здраво тело и здрав дух. Водени од овој факт, фасадите на куќите се изработени од 10 цм камена волна која е многу поздрава опција од стиропорот. Камената волна е природен материјал кој овозможува ѕидовите да дишат за разлика од стиропорот.  Ова е исклучиво значајно во зимскиот период кога просториите поретко се вентилираат. Непреченото дишење на ѕидовите спречува внатрешна конденцензација и влага во просториите, а со тоа не се дозволува таложење на бактерии и штетни микроорганизми. Воздухот во објекти изолирани со камена волна е 100% чист, а луѓето кои живеат внатре се здрави и среќни. Од тие причини во изведбата одбрана е камена волна наспроти стиропор (стиропорот херметички го затвора простор и не им дозволува на ѕидовите да дишат). 

Со купување на куќа во комплексот „We and Natureсе добива 160 квадратни метри  внатрешен простор во куќата + 50 квадрати гаража и остава + 40 квадратни метри сопствена тераса + идеалаен дел од целата површина од 13.000 м2 со-сопственост на земјиште. Дополнително, се стекнува и  со-сопственост на: базен, детска игротека, заеднички простор од 120 м2 со тераса, реквизити за вежбање, терен за кошарка и терен за одбојка на песок, како и три бунари со геотермална вода (измерен проток од 10 л. во секунда).

Комплексот е дизајниран за задоволување современите животни потреби на млади парови со деца. Добро знаеме дека кога децата се среќни, здрави и весели истото резултира со задоволни, насмеани и здрави родители. Овој релативно понов пристап на домување со истакната социјална димензија е одамна популарен во социјалните западно европски земји (Шведска, Данска, Холандија) и покажува извонредни резултати во однос на детскиот правилен раст и развој.

Продажбата на куќите е во тек, а се очекува целиот комплекс да биде завршен до крајот на 2021. Сите заинтересирани можат да го изразат својот интерес за посета и увид на комплексот со исполнување на формулар  на веб страницата.  

Комерцијален текст

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе