УЈП

Чекајќи државна помош од петтиот пакет мерки, околу 7.000 вработени не зеле плата во февруари

Додека се чека финансиската поддршка за исплата на плати како дел од петтиот антикризен пакет заглавен во Собранието на 6.888 вработени не им е исплатена плата во февруари, што е 10,7 проценти од вкупно доставените 63.948 МПИ пресметки доставени до Управата за јавни приходи (УЈП).

УЈП, како што изјави денеска директорката Сања Лукаревска, апелира Собранието што поскоро да ги донесе законите со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет, а дотогаш ќе има период на толеранција само за оние компании кои немале средства за исплата на плата, а ја чекале финансиската помош од државата.

„Ќе блокираме онаму каде има основ да се блокира. На одредени компании кои ја чекале финансиската поддршка и очекувале дека навреме ќе ја добијат, а немале средства да исплатат плата, им се доставени опомени. Телефонски ќе бидат исконтактирани за да се најде соодветно решение како би можеле да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на добивање на финансиската поддршка. Онаму каде се утврдени злоупотреби и сме виделе дека и наназад не се исплаќале плати, ќе постапуваме согласно надлежностите за присилна наплата“, рече Лукаревска.

Според последните податоци на УЈП од април, вкупно 133 работодавачи не исплатиле плата од минатите антикризни пакети иако им била одобрена државна помош за исплата на плати. Од нив, 110 работодавачи не исплатиле плата за 1 месец, 18 работодавачи за два месеца и 5 работодавачи не исплатиле плата за три месеца. Против нив, како што информира Лукаревска, се преземени сите мерки, а во соработка со Државниот инспекторат за труд извршени се и контроли. Контроли се започнати и кај дел од компаниите каде е злоупотребена државната помош за исплата на плати за декември.

За мерките кои се спроведоа преку УЈП како поддршка за стопанството досега се исплатени 135.344.918,00 евра. Обврската за враќање на примената финансиска поддршка е околу 20 милиони евра или 14,5 проценти од вкупната исплатена финансиска поддршка.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе