На тој начин успеваме да ги амортизираме дел од трошоците, кои граѓаните би ги сносиле ако државата не интервенира, рече премиерот.
„Вториот дел е директната интервенција што државата ја прави со енергетскиот производител ЕСМ за да можеме да држиме стабилна цена на струјата на домаќинствата, иако таа е неколкупати зголемена, еве 4-5 пати, зависи од кога земате мерења. На два начини правиме субвенционирање. Едното е директно ги помагаме ЕСМ за да може производната разлика со таа за граѓаните да ја платиме од Буџетот, со средства од граѓаните, а тоа да не го плаќаат граѓаните. Вториот дел е субвенционирање на цената што се набавува на отворен пазар, за до 100 проценти се покријат домаќинствата и така ќе продолжиме“, изјави Заев.
Секако, рече, во 2022 година ќе ги очекуваме тековите кои ќе се случуваат, но јасно е дека со политиките на климатските промени и инвестициите во обновливи извори на енергија се обидуваме и ние како држава да обезбедиме поголеми количини на зелена енергија по конкурентни цени, како би можеле и на подолг рок да ја ублажиме ваквата тенденција.
Имаме план, посочи Заев, до 2030 година да бидат затворени сите термоцентрали на јаглен во државата и затоа, нагласи, фокусот е на зелена енергија од ветерни, хидро и фотоволтаични централи.